Обама го поддржа демократот Бајден во борбата со Трамп: Џо има карактер и искуство

by Фокус

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, јавно му даде поддршка на Џо Бајден, кој ја доби внатрепартиската битка кај демократите и на следните претседателски избори во САД ќе му се спротивстави на актуелниот претседател Доналд Трамп.

-Џо има карактер и искуство да не води низ едно од нашите најтемни времиња и да не излекува за време на долгото закрепнување – рече Обама во 12-минутното видео снимено во неговиот дом во Вашингтон.

Тој додаде дека неговата одлука во 2008 година да го именува Бајден за потпретседател на САД била меѓу „најдобрите што досега ги направил“.

Поврзани новости