Јеремиќ: Вучиќ планира референдум за Косово во ноември

by fokus

Српскиот опозициски политичар Вук Јеремиќ денеска го обвини претседателот Александар Вучиќ дека планира референдум за статусот на Косово, кој би се одржал паралелно со предвремени парламентарни избори.

Според Јеремиќ, референдумот би бил поврзан со барањето Косово да добие членство во Обединетите нации. Јеремиќ е дел од кампањата за собирање потписи низ Србија со која граѓаните се изјаснуваат против можноста Србија да го дозволи приемот на Косово во ОН.

Поврзани новости