Јенс Шпан: Германците барем засега, нема да можат да изберат со која вакцина ќе се вакцинираат

by Fokus

Германските граѓани нема да можат да изберат со која вакцина ќе се вакцинираат, барем не засега, рече министерот за здравство Јенс Шпан, додавајќи дека излезот од пандемијата почна.

– Секој кому државата ќе му понуди вакцинација против Ковид-19, засега нема да може да избере вакцина што ќе ја прими. Таквиот избор не може да биде одобрен поради сегашниот недостиг, рече министерот за здравство Јенс Шпан на дигитална дискусија кога тој и претседателот на институтот Роберт Кох одговараа на прашања во врска со вакцинацијата.

Претседателот на Постојаната комисија за вакцинација, Томас Мертенс, рече дека двете вакцини, Бајонтех-Фајзер и Модерна, кои во моментов се одобрени во ЕУ, се „подеднакво ефикасни и безбедни“.

– Досега над половина милион луѓе примиле вакцина против Ковид-19 во Германија, нагласи Шпан.

– Со тоа почна „излезот од пандемијата“. Секој ден ќе гима се повеќе, а процедурите се се подобри, додаде тој.

Поврзани новости