Јелена Жугиќ: Нон сенс е уметниците по дифолт да бидат опозиција

by Фокус 09:01
09:01

Во моментот кога дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2006 година и кога за почеток ни ги зголеми платите за 60 отсто и од едно крајно недостоинствено ниво на академски граѓани, на културни работници ни го подигна нивото на една нормала – од тогаш мислам дека секој уметник, ама зборувам за уметник, за оној што вистински си ја носи уметноста во себе застана на страната на оваа влада, изјави вчера пред митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, актерката Јелена Жугиќ која исто така е кандидат за пратеник.

– Овие години слушав многу коментари дека ние уметниците по дифолт мора да сме опозиција. Меѓутоа, морам да нагласам дека за прв пат во историјата на Македонија, во историјата на моето битусување како актер, јас имам кариера веќе 25 години, можам да кажам дека за прв пат имаме влада која ги брани интересите на уметниците и е нон-сенс да си ти по дифолт опозиција. Значи, ние многу одамна сме на страната на оваа владејачка гарнитура. Не само што ни ги зголемија платите, туку ги отворија вратите на театарските институции, има над 100 вработувања на млади актери коишто откако ќе завршеа академија во минатиот систем беа безизлезни. Ни изградија нов театар, па сега извинете ама јас 25 години работам со „буви“, бубашваби и со кровови што ни течат – објасни актуелната директорка на театарот „Комедија“.

- Advertising -

Жугиќ вели дека е грев е од бога кога одредени нејзини колеги зборуваат дека се цензурирани и дека не им се дозволува да работат.

– Тоа се невистини. Тоа се лаги. Секој е поканет да работи во театар, меѓутоа не секој сака да допринесе во својата држава. Имаме ние една структура од уметниците на коишто покомфорно им е да работат надвор, во секој театар да бидат викани, да не’ одбиваат, а притоа да зборуваат дека се цензурирани, нив не ги играме, не ги сакаме нивните претстави. Тоа е лага! Тоа не е точно! – смета Жугиќ/

 

Поврзани новости