Јелена Розга утре во Штип: По прекинот со Стјепан се вртам кон животните радости!

by fokus

Популарната хрватска поп пејачка Јелена Розга утре ќе настапи во Штип, на манифестацијата ,,Штипска пастрмајлијада’’.

Убавицата од Сплит, која во минатото беше дел од групата ,,Магазин’’ деновиве е актуелна во регионот и по веста за прекинот на свршувачката со виолончелистот  Стјепан Хаусер, член на дуото ,,2 Cellos’’.

-Сакам да ги информирам медиумите дека Стјепан и јас решивме да ја прекинеме нашата врска и да тргнеме секој по својот пат. Зад нас ги оставам убавите спомени, и се свртувам кон иднината и новите животни радости. Им благодариме на медиумите за разбирањето, бидејќи за оваа тема не сакаме повеќе да зборуваме. Тоа е наша заедничка одлука, и ве молиме да ја испочитувате’’ – гласи соопштението кое вчера пејачката го достави до медиумите.

Покрај Розга, утре во Штип ќе настапат и српската фолк пејачка Тања Савиќ, и македонската група ,,Тоа е тоа’’.

Вечерва, како главна ѕвезда на настанот е најавена Лепа Брена, а свој настап ќе имаат и ,,Дивје јагоде’’ и ,,Есма бенд’’.

Вчера пак, пред посетителите настапија Сузана Спасовска, група ,,Акакдемци’’ групата ,,Галија’’ од Србија и ,,Кикимора’’ од Бугарија.

Од Општина Штип, која е организатор на настанот, изјавија дека се очекува да бидат изедени над 100.000 пастрмајлии во тек на тридневната манифестација.

Вики Клинчарова

Поврзани новости