Јелена Антиќ: Македонска кошаркарска принцеза

by Фокус 11:00
11:00

Фокус Европа ве запозна како фантастичен кошаркар, на кој и во иднина му престои светло во овој спорт. Се радувате ли кога ви се обраќаат со Мис трипл дабл?

Антиќ Успехот за секој, па и за мене е големо задоволство. Се она што го работиш, за што се трудиш, кога ќе вроди со плод, со добар резултат, значи дека трудот се исплатил. Прекарот Мис трипл дабл,  сигурно ќе остане запомнат во Шведска.

- Advertising -

Фокус Дали кошарката беше вашиот сон, уште како дете?

Антиќ Секое дете уште со раѓањето поседува некаков талент, љубов и желба кон некоја професија. Во мојот случај, тоа беше кошарката. Ќе ви кажам дека уште од најмала возраст, мојата најомилена играчка беше топката… Во моите детски рачиња немаше кукли… Гледате, се ви е јасно со ова. Убаво рекле старите: „ Секој за нешто е роден“… Навистина е така во мојот случај. Кошарката беше и сеуште е сонот кој го живеам.

Фокус Љубовта кон овој спорт, веројатно е благодарение на вашиот татко. Сакавте ли да играте заедно?

Антиќ Љубовта кон овој спорт ми се роди гледајќи го татко ми на кошаркарскитет терени. Тој беше врвен кошаркар и имаше прилика да игра со познатите спорткси имиња како Дражен Петровиќ, Аца Петровиќ, Владе Дивац, Делибашиќ, Кнего, Вилфан, Бобан Петровиќ и уште многу други кошаркарски великани. Тие беа вистинска атракција на кошаркарските терени со постигнати европски и светски резултати и титули. Со таква мотивација, кој не би ја засакал кошарката.

Огромна ми е желбата кога тренирам со татко ми. Тој има што да ме научи, има богато искуство со неговата кариера кое би сакала да ми го пренесе.

Фокус Вашата кариера започнува на некој начин уште додека сте дете, поточно тинејџер. Тешко ли беше да се донесе одлука на 15 години да се напушти семејното гнездо?

Антиќ Во тој момент, немаше многу размислувања околу моето заминување во Америка. На 15 години добив шанса која ја посакува секој млад спортист. Едноставно, немаше простор за пропуштање на оваа шанса во моето срце. На таа возраст, додуша, немав ни страв од непознато. Заминувањето во друг свет ми изгледаше магично. Многу сум им благодарна на моите родители. Тие секогаш ми давале неизмерна поддршка за секоја моја одлука, биле мој поттик да чекорам напред, да се борам и да остварувам најдобри резултати.

Фокус Постои ли разлика помеѓу женската кошарка во САД и во Европа?

Антиќ Ако зборуваме за женската кошарка на колеџ во САД и Европа, во Европа кошарката е побрза, бидејќи времетраењето на нападот е пократко. Во Европа е дозволена и поагресивна игра. Постојат и други разлики. Каде и да одите,  секако дека е потребно да го прилагодите стилот на игра. Но, на крајот на денот, кошарката и игра која се игра со 5 играчи на терен, еден кош и една топка.

Фокус Своевремено Југославија располагаше со фантастична екипа, која беше меѓу кошаркарската елита. За жал, сега многу нешта се променети тука на Балканот. Што би посакале еве вие како професионалец , да се  промени со цел да се подобри состојбата со македонската кошарка?

Антиќ Македонија е убава мала земја која родила многу таленти. Нив треба да им се даде шанса да просперираат и да бидат нејзини вистински амбасадори. Искрено, мислам дека и  во македонскиот спорт има многу докажани македонски имиња кои допринесо за афирмација, надвор од границите. Тие луѓе заслужуваат подобар третман и статус во општеството. Јас како професионалец, би сакала луѓето кои се компетентни, да направат поголем напор за вложување во спортот. Тие луѓе би сакала да потенцирам дека треба дас е поранешни или сегашни спортисти. Потребни се повеќе спортрски сали кои ќе бидат достапни за секој, теретани опремени со модерни реквизити, едукација на тренери ( кондициони и  стручни на терен), добар скаунтинг на млади спортисти ни Македонија, силен амркетин, и најважно големо срце, визија и желба за напредување и успех.

Скопје Сити Мол е комплетно подготвено за вистинска летна авантура. Ние уживавме во нашата заедно со нашата најуспешна кошаркарка во светски размери.Таа е навистина предадена на овој спорт. Тоа го забележавме кога ги посетувавме  спортските продавници. Скопје Сити Мол ја има најголемата и најмодерната продавница за Најк во Македонија. Јелена беше вооддушевена од топки и патики.

Фокус Сакате ли шопинг?

Антиќ Јелена не влегла во продавница, а да се врати со празни раце.

Фокус Што најчесто сакате да купувате?

Антиќ Патиките ми се опсесија. Има една реченица: J make shoe contact before eye contact. Ова навистина важи за мене.

Фокус Што според вас, треба да поседува како квалитетите еден врвен кошаркар?

Антиќ Физичка подготвеност и кошаркарска интелегенција се квалитетити, кои еден спортист мора да ги поседува за да се натпреварува на највисоко ниво. Според мене, тие не можат едно без друго.

Фокус Кој е вашиот кошаркарски идол?

Антиќ Коби Брајнт… Дефинитвно.

Фокус Кој е тимот за кој Јелена навива, кога не е на терен?

Антиќ Јас сум фан на добра кошарка. Немам омилена екипа. Но, ми се допаѓа кошарката која се игра во Фенербахче од Турција.

Фокус Благодарение на вашата богата кариера, имавте прилика да патувате често. Која земја го освои вашето срце? Каде најмногу се препознавте како дома?

Антиќ Секоја земја која сум ја посетила, поседува своја убавина. Од топлите краеви на Шпанија, до ледените зими во Шведска, имам преубави искуства од сите. Но, Белград е градот кој го освои моето срце и каде би сакала да се стационирам еден ден.

Седнавме на кафе. Додека ги средуваме впечатоците од шопингот во Скопје Сити Мол, Јелена ни откри дека често е тука. Таа има 26 години. Кога не е на кошаркарскиот терен, цртањето е нешто со кое сака да биде преокупирана.

Фокус Каква е Јелена кога не е на теренот?

Антиќ Мојот ум и тело се склоп на уметности. Не опстојувам без музика. По професија сум графички дизајнер. Секој слободем миг го користам за цртање, а голема страст ми е фотографијата. Оваа моја љубов ја користа кога патувам, да ги овековечам сите незаборавни мигови.

Фокус Дали кога сте дома, практикувате да изиграте една партија со својот татко и сестра?

Антиќ Татко ми од секогаш тврдел дека е подобар шутер од мене. Кога сум во Македонија, наоѓам време да ги одмериме силете и да го убедам во спротивното.

Фокус Каде се гледате за десет години? Дали можеби би сакале да бидете кошаркарски тренер?

Антиќ Не ја изоставувам идејата да бидам кошаркарски тренер. Тоа е нешто што едноставно ме влече. Но, никогаш не знаеме што носи животот. Во едно сум сигурна, би сакала да работам нешто што ќе биде поврзано со спортот. Тоа е мојата најголема љубов и страст.

Фокус Кој е вашиот сон ?

Антиќ Кога имав 15, мојот сон беше да одам во Америка. На 21 сонував да играм професионална кошарка во Европа. Денес, на 26 сон ми е да освојам титула во Евролигата и секако, еден ден да бидам играч на WNBA. Гледајќи наназад, моите соништа без различни, но сите водеа кон иста цел. Соништата постојат за да се живеат. Се што можеме да си замислиме, можеми и да го оствариме.

Скопје Сити Мол е редовно на нејзината шопинг мапа. Затоа си закажавме нова средба. Наскоро, повтроно тука.

Поврзани новости