Јавно претпријатие за државни патишта утре од 10 до 17 часот со специјално мерно возило ќе врши мерење на патот  А1, делница Фаришка клисура – Прилеп.

Како што соопшти АМСМ, мерењето се состои од застанување на секои 100 метри на патот и мерење на носивоста на коловозот со спуштање на товар. Од Автомото друштвото замолуваат на трпеливост и крајна внимателност при возење на горенаведената патна делница.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.