Јавното обвинителство ќе постапува по сите случаи за сторените кривични дела во Собранието

by fokus

Јавното обвинителство на Република Македонија утрово соопшти дека „будно“ ги следи настаните во врска со синоќешните насилства во Собранието и „презема мерки за нивно расветлување и за утврдување на фактите“.

Од вчера во обвинителството биле воведени вонредни дежурства, а надлежните јавни обвинители се во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи.

„Во согласност со своите надлежности, Јавното обвинителство ќе постапува во сите случаи каде ќе биде утврдено постоење на елементи на сторено кривично дело и за секој од настаните по документирањето ќе биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука“, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Поврзани новости