Јавноста трогната од видеото за необјавената песна на Илиевски: Сино небо, облаци и Влатко!

by Fokus

На фан страницата на прерано починатиот рок и поп музичар Влатко Илиевски е промовирана негова необјавена песна. Станува збор за авторско дело на Кристијан Габровски, а нумерата е насловена „Со тебе најдов среќа”.

Таткото на Влатко, Драган Илиевски Вршац на социјалните мрежи појаснува дека видео записот за песната е измонтиран од страна на Дејан Таневски во фул ХД резолуција. Во него се појавуваат снимки од Влатко, а во позадината на неговиот лик се гледаат небото и облаците, па се добива впечатокот како да продолжил пее на небесните височини.

Неговите обожаватели оставаат коментари под линкот на песната, во кои е присутна тагата поради загубата на младиот живот, и останува прашањето – Зарем вака требаше да биде?

„Со тебе најдов среќа” е најава на албумот со необјавени песни на Илиевски, кој наскоро ќе биде промовиран. Надежниот музичар ненадејно почина во 2018 година, само четири дена по својот 33-ти роденден. Беше дел од групата ,,Морал”, а градеше и соло кариера.

По повод неговата смрт се појавија разни шпекулации, но официјално се уште не е соопштено која беше причината што згасна животот на момчето кое имаше уште многу да и даде на публиката и останува запаметено како еден неверојатно ведар лик кој со години ја збогатуваше нашата сцена.

Вики Клинчарова

Поврзани новости