Јавноста е желна за забавни настани, се распродадоа билетите за „Глумците пеат”!

by fokus

За само неколку недели се распродадоа билетите за музичкото шоу „Глумците пеат”.
Настанот се враќа по подолга пауза и ќе се одржи на 20-ти април во НОБ, во чест на неодамна починатиот актер Марин Бабиќ, кој беше творец на проектот.

Сега, зад враќањето на манифестацијата стои неговата ќерка Маја Бабиќ, со режија на Дејан Пројковски.

Распродадените билети за доста кратко време доволно кажуваат дека јавноста е желна за забавни шоу програми.

Првата „Глумците пеат” се одржа во Универзална сала на 26-ти март 1992 година и настапија повеќе од 30 актери од повеќе театри од Македонија од речиси сите возрасти.
Прв настапи Владимир Дади Ангеловски, кој ја изведе нумерата „Стариот Пјер”, а потоа со тек на годините, голем број на познати актерски имиња се ,,фатија” за микрофонот и запеаја на шоуто.

Од организацијата ветуваат одлична забава со многу актерски ѕвезди, но се уште не се откриваат имињата на учесниците.

Вики Клинчарова

Поврзани новости