Јавниот долг се искачи на 60,7 проценти, земјава должи 6, 5 милијарди евра

by fokus

Јавниот долг заклучно со септември се искачи на историски 60,7 проценти од БДП – или земјава должи 6 милијарди 571 милион евра. За само шест месеци од пандемијата, или од март до септември јавниот долг на земјава пораснал за над 1 милијарда евра или за 9,3 проценти, јавува Телма.

А само од јули до септември, кога земјава беше во избори и формирање на нова влада, за нови 44,5 милиони евра. Нови задолжувања се предвидени и со вториот ребаланс на буџетот за годинава за кој уште расправаат пратениците.

Откако се проби границата од 60 проценти, сега никој не прогнозира со колкав јавен долг земјава ќе ја заврши годинава.

Поврзани новости