Јавната седница за „Монструм“ одложена за октомври

by fokus

Јавната седница за случајот „Монструм“, која беше закажана за денеска, се одложи, бидејќи, како што беше кажано, полицијата не можела да спроведе еден од осудените до судот. Од Судот не прецизираа кој од осудените не бил донесен на јавната седница и од кои причини.

Наредното рочиште е закажано за трети октомври, кога по многубројните одложувања на јавната седница, се очекува Врховниот суд конечно да ги разгледа жалбите на осудените за Велигденскиот масакар, кои со неправосилна пресуда беа осудени на казна доживотен затвор.

Од одбраната, пак, уште еднаш потенцираа дека овој случај треба да го преземе Специјалното јавно обвинителство за, како што велат, конечно да се дознае вистината.

Поврзани новости