„Јавна соба“ е повторно активна, се објавуваат експлицитни фотографии

by Фокус

Групата „Јавна соба“ на Телеграм е повторно активна со околу 5.600 членови, кои споделуваат експлицитни фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки.

Телевизијата Сител објави дека 22-годишна девојка раскажала оти нејзин пријател ја предупредил дека во групата била објавена една нејзина фотографија од фејсбук, како и уште две експлицитни од девојка која наликувала на неа.

Таа пријавила во полиција, но оттаму само и рекле дека вакви групи имало многу. Од полицијата, пак, велат дека работат на случајот.

Пред точно една година беше откриена првата ваква група со над 7.000 членови на руската апликација за комуницирање.

Притоа, откриен беше креаторот, но случајот е заглавен во правосудните лавиринти.

Поврзани новости