„Јавачите на апокалипсата доаѓаат“: Медведев се закани со „тотален напад“

by Fokus

Дмитриј Медведев, заменик-началник за национална безбедност и поранешен претседател на Русија (2008-2012), денеска зборуваше за актуелната ситуација во Украина како и за геополитичката ситуација.

Тој изјави дека пристигнуваат „јавачите на апокалипсата“ – со тоа ги предупреди САД да не испраќаат повеќе оружје во Украина. Соединетите Американски Држави неодамна одлучија да испратат повеќецевни ракетни фрлачи „HIMARS“ на украинската армија.

Медведев им се закани на сите западни сили, пред се на САД, да престанат да испраќаат оружје во Украина, во спротивно ќе следи „тотален напад“ од Русија. Тој не прецизираше што точно мислел под „тотален напад“.

Западните медиуми го опишуваат Медведев како човек кој секогаш се согласува со рускиот претседател. Коментирајќи на својот профил на Телеграм, тој рече дека автоматски мрази секој што шири лаги против Русија.

-Често ме прашуваат зошто моите објави на Телеграм се толку строги и брутални. Одговорот е – затоа што ги мразам. Мразам секој што шири лаги против Русија. Сакаат смрт за Русија и јас ќе направам се таквите луѓе да исчезнат, изјави Медведев.

Тој додаде дека Русија е подготвена да ги прошири своите воени планови доколку продолжи масовната испорака на оружје за Украина.

-Јавачите на апокалипсата доаѓаат, рече тој, алудирајќи на САД.

Поврзани новости