Јасмин Ставрос се бори за живот

by Fokus

Популарниот хрватски музичар Јасмин Ставрос (68) се бори за живот, откако му бил дијагностициран карцином на коски.

-Постојано сум во болница, си немам отидено дома. Ме боли грбот, се ме боли! Многу ми е лошо. Ми даваат лекови, некогаш помагаат, некогаш не. Се борам за живот – изјави тој за „24 сата“.

Ставрос беше познат по здравите животни навики, спортувањето, умерената исхрана и мирниот живот на село во последните години, за кој често раскажуваше.

Во 2008 година со сопругата се преселил во мало место, и времето го минувал во шетање во природа и работа на големиот имот.

Во постаро интервју откри дека во минатото пиел многу алкохол и користел опијати, но решил тоа да го промени од корен.

-Нема потреба да кријам и да лажам, тоа е вистината. Го допрев дното на животот. Гледав како мои пријатели умираат и тогаш си реков – Доста е! Нема повеќе таков живот. Во тоа време немаше комуни и слични институции кои би ми помогнале, па се направив сам, сам се извлеков од зависностите – изјави тој пред неколку години за „Ин Магазин“.

Зад себе има околу 15 албуми, од кои последниот беше промовиран во 2017 година, а вистинското име му е Мило Васиќ.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости