Јас само се загревам и не планирам да запрам, кажа мајката на Илон Маск, позирајќи во костим за капење

by fokus

Не планирам да забавам. Мојата мајка работеше до нејзината 96-та година, јас само се загревам – кажа 74-годишната Маје Маск, мајка на деловниот магнат Илон Маск, која позираше во костим за капење за списанието ,,Sports Illustrated Swimsuit”.

Таа гордо го покажа своето тело, кое и во осмата деценија е негувано и затегнато, и упати порака дека треба да се рушат стереотипите за стареењето, но и за женското тело.

-Кога жените одат на плажа, тие се срамливи поради своето тело, но мажите одат наоколу изгледајќи ужасно, и воопшто не им е грижа поради тоа.
Поминав низ разни фази во животот, кога бев разочарана, отфрлена, ми се наруши самодовербата. Но, едноставно мора да поминете преку тоа.
Имам 74 години, посреќна сум од било кога – раскажа таа.

Маје во минатото била модел, а потоа започнала да се занимава со нутриционизам.
Се има појавено во многу рекламни кампањи, музички спотови и ревии.

Вики Клинчарова

Поврзани новости