Јапонците први се пласираа на Светското првенство 2026

by Fokus

Јапонските фудбалери станаа првата репрезентација која се квалификуваше за Светското првенство во 2026 година, без домаќините – САД, Мексико и Канада.

Јапонија на домашен терен го победи Бахреин со 2:0, двата гола беа постигнати во вториот дел, а стрелци беа Камада и Кубо.

Така Јапонија стигна до 19 бода по седум одиграни натпревари во квалификациите, што е доволно за да обезбеди пласман на Мундијалот.

Остануваат уште три кола до крајот на квалификациите, но Јапонците нема да имаат резултатски притисок и ќе се обидат да го подготват тимот за наредното големо натпреварување.

Австралија во моментов е зад Јапонија со девет бода помалку, додека Саудиска Арабија, Индонезија, Бахреин и Кина се зад нив.

Двете првопласирани селекции од трите квалификациски групи ќе обезбедат директен пласман на Мундијалот од Азија, додека третопласираните и четвртопласираните ќе одат во дополнителни квалификации кои ќе ги обезбедат последните две азиски селекции кои ќе одат на Мундијалот.

Светското првенство во САД, Мексико и Канада ќе биде прво со 48 учесници.

Поврзани новости