Јапонци се возеле на велосипеди, ги нападнале и им земале 3.000 евра

by Fokus

Тројца разбојници ограбиле двајца Јапонци додека се возеле на велосипеди и им земале 3.000 евра, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 15,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје пријавео е дека на локалниот пат од с.Катланово кон с.Брезница додека Ш.К.(54)  и Х.К (48), двајцата од Јапонија, се движеле со велосипеди, им се приближило патничко моторно возило „Форд“ во кое имало три непознати лица кои излегле од возилото и физички ги нападнале, ги турнале од велосипедите и им одзеле 3000 евра, патни исправи, кредитни картички и еден мобилен телефон „Ајфон“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости