Јапонија нема повторно да воведе вонредна состојба иако расте бројот на заболени

by Fokus

Јапонија нема повторно да воведе вонредна состојба иако се зголемува бројот на новозаразени лица со Ковид-19, изјави портпарол на јапонската Влада.

Во главниот град Токио денеска се потврдени 124 нови случаи на зараза, што е пораст во однос на вчерашниот ден, кога имаше 107 заболени.

Големиот број новозаразени се должи на помасовното тестирање меѓу работниците во ноќните клубови во два дистрикта.

Иако е забележан раст на бројот на новозаболените, властите наведуваат дека се намалува бројот на сериозните случаи и нема потреба повторно да се воведе вонредна состојба, која е укината на 25 мај.

– Ќе го спречиме ширењето на инфекцијата, но ќе го зачуваме нормалниот секојдневен живот, изјави гувернерката на Токио, Јурико Коике.

Поврзани новости