Јапонија ја шокираше Германија на СП

by Fokus

Четвртиот ден на Светското првенство во Катар донесе уште еден сензационален пораз на фаворит за титулата, откако Јапонија попладнево со пресврт ја совлада Германија со 2-1 (0-1) во рамки на првиот натпревар во групата Е.

Германската репрезентација поведе на стадионот „Калифа интернешнл“ во Доха преку Гундоган од пенал во 33 минута.

Израмнувањето дојде во 75 минута преку напаѓачот на бундеслигашот Фрајбург, Ритсу Доан, а целосен резултатски пресврт за голема победа на Јапонија донесе уште еден бундеслигашки фудбалер, Такума Асано од Бохум, со прецизен удар во 83 минута.

Воведното коло во Групата Е ќе се комплетира вечерва со дуелот меѓу Шпанија и Костарика со почеток во 17 часот.

Поврзани новости