Јанушев: Заев си гради култ кој ќе пукне како меур од сапуница на изборите

by Фокус

Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, реагираше дека членството на земјава во НАТО не е заслуга на премиерот Зоран Заев, туку, како што рече, на многу македонски дејци во минатото и на сите граѓани.

„Знамето на Македонија во НАТО се вее поради македонскиот народ и граѓаните на Македонија, кои на 8-ми Септември 1991 година, на единствениот успешен државен референдум, изгласаа независност и сувереност на Република Македонија. И поради секој жив горд Македонец, чесен и честит, кој си ја сака и почитува својата татковина. А ти, Заев, што направи? Поплука на се ова, се испогани на сите жртви чии идеали беа слободна, независна и суверена Македонија. Ти тргуваш како на пазар со жртвите на сите кои гинеле за Македонија. Ти, Заев, го раскрчмуваш тоа што Македонците со векови го граделе, она за кое наместо за мотика, се фаќале за пушка, она за кое ги напуштале своите најмили, за кое и животите свои ги дале. Ти, Заев, имаш најмалку право од сите да кажеш дека поради тебе гордо се вее македонското знаме“, напиша Јанушев на фејсбук.

Тој додаде дека култот што Заев го гради сам за себе ќе пукне како меур од сапуница на следните избори.

Поврзани новости