Јанушев: Правдата доаѓа, 12 април е блиску!

by fokus 15:11
15:11

Продолжуваме со посетите „Обновата на Македонија доаѓа“. Денес сме во посета на општините Делчево и Македонска Каменица. Посетивме голем број на фирми, се сретнавме со граѓаните, имавме неколку состаноци со целни групи, но ќе имаме и партиски состаноци, се разбира, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Она што можам да го видам во состаноците со сите овие, и со средбите со сите овие луѓе огромното незадоволство кое го гледаме од актуелната власт, од оваа криминално-рекетарска банда предводена од Заев. Она што можам да го пренесам е дека особено стопанствениците, бизнис климата, целиот овој економски сектор е тотално нарушен и едноставно економската ситуација е целосно девастирана како впрочем што и се случува во секој сегмент од нашето општество.

Луѓето очекуваат промени, луѓето очекуваат дека конечно ќе дојде обновата на Македонија каде што нашата држава ќе ја направиме едно пристојно место за живеење каде што секој еден од нас ќе може да има еден квалитетен живот.

- Advertising -

Она што веќе го најавивме, го продолжуваме и во овие денови. Како што веќе имавте прилика да видите најавени се огромни инвестиции во инфраструктурата.

Две милијарди евра инвестиции во инфраструктурата, нов автопат кои ќе ги поврзува Скопје и Битола преку Велес и Прилеп. Повеќе од 150 километри инвестиции во нови експресни патишта, но и буквално нема да оставиме ниту еден магистрален пат кој што нема да биде саниран односно рехабилитиран.

Нови инвестиции во железницата и во пругите, нови инвестиции и во канализации и водоводи, но и носење на нови авиокомпании кои што ќе понудат евтини летови. Знаете дека тоа можеме и знаеме како да го направиме. 12 Април е блиску, обновата доаѓа.

Еве овде во Делчево можам да го издвојам и примерот со претседателот на нашиот општински комитет кој е пратен на работа дури во Велес. Но, притисоците се гледаат и врз останатите вработени на сите оние луѓе.

Можеби типичен пример беше она фијаско кое што вчера го доживеа СДСМ со таканаречениот марш за правда каде што имавме сите прилика да видиме на кој начин беа луѓето вадени од работа и во работно време носени. Но, да ги потсетам сите оние кои што го прават ова дека правдата доаѓа, дека 12 април е блиску, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите ќе формира влада и сите оние кои што ги прават овие неправилности и прекршувања на закон ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, додаде Јанушев.

Поврзани новости