Јанушев: Ниту сме ги имале снимките, ниту имаме контакт со новинарот од Ла Верита

by Фокус

Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за Радио Слободна Европа тврди дека партијата не ги поседува материјалите од аферата „Рекет“ и дека немаат никакви контакти од новинарот на италијанска Ла Верита, која ги објавува материјалите.

-Немаме контакти, меѓутоа и воопшто не разбирам зошто е и битно тоа прашање кое многу во изминатиов период се покрена во јасноста, бидејќи на некој начин се обидуваме да се правиме глуви при уши и слепи при очи, бидејќи видовме, гледаме, има најава и за дополнително објавување на снимки. Се надевам дека ќе имаме прилика да видиме точно за што станува збор. Во моментот воопшто не е битно кој со кого комуницирал, кој на кого ги дал, од каде се снимките и слично, меѓутоа ќе потврдам уште еднаш лично – не, немаме контакт – рече Јанушев.

Поврзани новости