Јанушев до Спасовски: Со кого мислите дека си играте, дали и домашните ви веруваат?

by Fokus

Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието на пратеничките прашања говореше за случајот со поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков.

Тој даде свое видување за текот на настаните кои се поврзани со Мијалков, обвинувајќи ги надлежните за неефикасноста.

„ Во сабота околу 12.30 на пладне, Русковска доби информација дека е можно бегство. После тоа следувало разговори Спасовски-Русковска, а полицијата дури во 22 часот вечерта го има решението. Цел ден го отепале, знаејќи што се подготвува. Со кого мислите дека си играте господине Спасовски? Дали дома ви веруваат?“, истакна Јанушев.

Поврзани новости