Јанша стравува од есенски бран на вирусот

by Fokus

Словенија во моментов има само 40-ина потврдени случаи на заразната Делта варијанта на корона вирусот, рече денеска словенечкиот премиер Јанез Јанша, додавајќи дека четвртиот бран е неизбежен ако најмалку 70 проценти од населението не биде вакцинирано до крајот на летото.

– Ако не достигнеме 70 проценти, тогаш ќе имаме четврти бран и сè ќе биде затворено наесен, рече Јанша, одговарајќи на пратеничко прашање во врска со состојбата на епидемијата.

Словенечкиот премиер рече дека во Словенија, но и во Европа, вакцинацијата треба значително да се зголеми, за ова лето и есента да поминат што е можно понормално.

„Ако наесен имаме тежок бран во Европа, поради Делта варијантата, тогаш за тоа ќе бидеме сами виновни. Тогаш ќе треба да се запрашаме како успеавме толку брзо да развиеме и произведеме ефикасна вакцина против Ковид-19, а не можеме да ги убедиме луѓето да се вакцинираат“, рече Јанша.

Поврзани новости