Јанша со писмо ги повика граѓаните да се вакцинираат

by fokus

Словенија ја засилува кампањата за вакцинација против Ковид-19, така што вакцината ќе биде достапна и во скијачките центри, а сите граѓани добија писмо од премиерот Јанез Јанша во кое ги повикува да се вакцинираат.

„Да бидеме слободни, но и одговорни, солидарни. Се вакцинираме затоа што е време да се поврземе и да бидеме заедно во оваа битка со Ковид-19“, вели премиерот Јанша во писмото што граѓаните го добиле во поштенските сандачиња.

Словенечкиот премиер есента најави можност за воведување задолжителна вакцинација, што беше контрапродуктивно, а таквиот план го оспори и Уставниот суд, па сега посочува дека вакцинацијата е доброволна, но и општествено одговорна и многу посакувана одлука за сите.

Отворени се 62 центри за вакцинација кои ќе работат цел ден, а по еден центар во секој регион и ќе работи и ноќе.

Заинтересираните ќе можат да се вакцинираат и на станиците на ски-лифтовите, во ловџиски и противпожарни домови, планинарски куќи, трговски центри и кина.

Поврзани новости