Јанша користи тактики на Трамп

by fokus

Словенечкиот премиер Јанез Јанша, чија земја ќе претседава со Европската унија од 1 јули, ја следи тактиката што ја користи поранешниот американски претседател Доналд Трамп како медиумско користење на Твитер како политичка алатка и медиумска критика, пишува Њујорк Тајмс.

Неодамна, шест европски организации за слобода на медиумите ги опишаа неговите постапки како „тактики во стилот на Трамп“.

Аналитичарите проценуваат дека Словенија нема да се занимава со вложување напори да ги натера лидерите, како што е унгарскиот премиер Виктор Орбан, да ги почитуваат слободата на медиумите и другите принципи.

Њујорк Тајмс потсетува и на критиките на Јанша испратени преку Твитер откако Советот на Европа објави извештај во кој се осудува „токсичната и непријателска атмосфера“ за словенечките новинари и „неверојатното влошување на слободата на медиумите“.

Јанша тогаш на Твитер го опиша извештајот како „лажни вести“, термин што често го користи Трамп.

Поврзани новости