Јанкуловски: Злонамерни се обвинувањата дека ректоратот вршел притисок во подготовката на новиот закон за високо образование

by Fokus

Злонамерни се обвинувањата дека ректоратот вршел притисок во подготовката на новиот закон за високо образование, вели во интервју за Фактор, ректорот Никола Јанкуловски.

Тврди дека се носи нов статут на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, но дека постапката е целосно транспарентна.

Анонимни професори со писмо обвинија дека Јанкуловски сака да скрои Статут со кој му се одземаат ингеренциите на Универзитетскиот сенат, а со одредбите врши упад во законот. Законот за високо образование беше донесен минатиот месец, а

Министерството за образование тврдеше дека со него се јакне професионалноста на високите образовни институции. Неговата имплементација ги става на тест заложбите на овие институции за зацврстување на нивната автономија. Јанкуловски е дециден дека ќе работат за зацврстување на ова начело.

-Веднаш по стапувањето во сила на новиот Закон за високото образование, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје започна со работни активности за негова примена. Во таа насока, согласно Законот и Статутот, е формирана работна група за изработка на текстот на Нацрт-статутот во која членуваат реномирани и афирмирани познавачи на законските акти и уставните одредби кои ги регулираат прашањата од областа на високото образование, научноистражувачката работа и уставно загарантираната автономија на Универзитетот – истакна Јанкуловски.

Поврзани новости