Јанкуловска на веслање: Кога немаш пасош, може и во Охрид

by fokus 14:12
14:12

Гордана Јанкуловска со својот сопруг весла на Охридското Езеро. Поранешната министерка за внатрешни работи, денес се пофали со фотографии на кои со сопругот Влатко Илиевски ужива релаксирано на кану во водите на езерото.

Позната како љубител на веслањето, таа и во минатото често објавуваше фотографии со своите водени подвизи, но тоа беа најчесто настани кои се случувале надвор од нашите езерски води. На пример, пред две години, таа постираше фотографии од рафтинг во водите на Тара, Босна и Херцеговина.

- Advertising -

Рафтинг центарот Дрина – Тара, е познато збиралиште на љубителите на водените авантури од цел свет. Таму се нуди храна од еколошки чиста средина, а најпознат специјалитет е ловечкиот гулаш со печурки, но и јагнешко месо подготвено под вршник. Во аранжманот спаѓа и четиричасовно пловење низ реката Тара, со паузи за капење. По вечерата, за добра забава на посетителите се задолжени гитаристи и хармоникаши.

Но бидејќи на Јанкуловска привремено и е одземен пасошот, летово очигледно нема друг избор, освен да го изостави веслањето во Босна, и да се потруди да има исполнет одмор во Охрид. Таа доби повеќе обвиненија од СЈО за кривични дела и злоупотреба на службената должност, но судот ги одби барањата на обвинителите за притвор.

Вики Клинчарова

Поврзани новости