Јанкулоска за партиската кампања во 2011 година истражувала дали Црвенковски има куќа во Корчула

by fokus 14:48
14:48

По барање на Мартин Протогер, министерката Гордана Јанкулоска за време на изборната кампања за изборите во 2011 година, ги искористила своите врски, односно моќта и влијание како министер, па проверувала дали е точно дека жената на Бранко Црвенковски, Јасна Црвенковска има  куќа на Корчула, Хрватска.

-Мораш да провериш дали Јасна има куќа на Корчула, ова може да направи пресврт во кампањата, и види побрзо, зошто ме чекаат од Дневник да им кажам, и вели Протугер на Јанкулоска.

- Advertisements -

Таа, како што вели, побарала услуга од луѓе во Србија, кои првично утврдиле дека таму живее семејство со исто презиме, а потоа и се потврдило дека се роднини.

Оваа информација ВМРО-ДПМНЕ ја искористи во кампањата обввинувајќи го Црвенковски дека куќата ја купил во 1997година од црни пари.


 

Поврзани новости