Јанкулоска: Циц отсега ќе оди по кафани на своја сметка

by Фокус 09:46
09:46

Пред две недели Куманово му порача на Циц дека тој и неговите директори ќе можат слободно да продолжат да си одат по кумановските кафани. Ама отсега ќе мора тоа да го прават на сопствена сметка, а не на сметка на граѓаните на Куманово, му порача вчера министерката Гордана Јанкулоска на градоначалникот Зорам Дамјановски – Циц.

Јанкуловска вчера говореше пред кумановчани како носител на пратеничката листа во втората изборна единица.

- Advertisements -

– Куманово им покажа дека нема веќе намера да ги плаќа нивните сметки од стотици илјади евра по кумановските кафани. Дека нема намера градот да служи за потсмев на сите во регионот, само затоа што функционерите од СДСМ се фалат дека успеале, замислете, да изедат и да испијат 100.000 евра по кафани и ресторани. Ете тоа е СДСМ, тоа е локалната власт во Куманово – изјави Јанкулоска.

Поврзани новости