Јанкулоска се појави во суд за случајот за набавката на мерцедесот од 600 илјади евра, каде претходно беше осуден Груевски

by Fokus

Во Кривичниот суд во Скопје денеска од почеток стартува судењето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е една од обвинетите во предметот „Тенк“.

Во судницата присутна е обвинетата Јанкулоска, а претседателка на Судечкиот совет е судиката Добрила Кацарска.

На Јанкулоска и се суди во раздвоена постапка бидејќи имаше ризична бременост и беше на породилно боледување.

Случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинтелство се однесува за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра. За овој случај веќе е осуден поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор, а поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор.Јан

Поврзани новости