Јанкулоска повторно не се појави на судење, СЈО ги оспорува нејзините медицински оправдувања

by fokus

Поранешната министерка Гордана Јанкулоска, која е во деветиот месец во бременоста, денеска не се појави на судското рочиште за случајот „Тенк“. Нејзините адвокати отсуството го оправдаа со медицинска белешка според која Јанкулоска треба да мирува до 15 јуни.

Од СЈО пак ги оспорија претходните оправдувања на Јанкулоска, издадени од нејзиниот матичен лекар

Преку проверка на државниот санитарен и здравствен инспекторат и комисија од Лекарската комора, СЈО утврдило дека на 31 мај белешки од матичен лекар земал сопругот на Јанкуловска, а таа воопшто не се појавила на лекар. СЈО ги оспори и тврдењата на одбраната дека на 1 јуни Јанкуловска не била во состојба да дојде зашто била на преглед во здравствена установа на која не и го посочила името.

Судијката Добрила Кацарска во знак на разбирање и добра волја го одложи и утрешното рочиште и закажа нови термини. Првиот е на 29 овој месец.

За овој случај, набавката на мерцедесот од 580.000 евра, веќе се осудени екс премиерот Никола Груевски и тоа на две години затвор и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, кој беше осуден на шест години и шест месеци затвор. Постапката за Јанкулоска се раздвои поради нејзината ризична бременост.

Поврзани новости