Јанкулоска: Невина сум, нема да бегам!

by Фокус

Ниту едно од кривичните дела кои ми се ставаат на товар не сум го сторила па затоа мојот најголем интерес е оваа постапка да се заврши брзо и непречено, рече поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешната јавна седница во апелација околу барањето на Специјалното јавно обвинителство да и биде изречена мерка притвор.

Јанкулоска, која е обвинета во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности, на јавната седница побара од судот да и ја врати патната исправа, убедувајќи го судот дека нема намера да бега, бидејќи, како што рече, фактите биле на нејзина страна.

Јанкулоска во своето обраќање неколку пати се повика на нејзиното искуство и кариера, истакнувајќи дека речиси 20 години работела исклучиво за интересите на Македонија.

Притоа, таа по посомнева во намерите на СЈО, обвинувајќи дека нивна цел е да им се одреди притвор на што поголем број на осомничени од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

В.В.

Поврзани новости