Јанкулоска не добила упатен акт за во затвор, Врховниот суд се уште ја пишува одлуката за „Тенк“

by fokus

Одлуката на Врховниот суд со која се потврдува пресудата за случајот „Тенк“, се уште не е испратена во Кривичниот суд. Откако предметот ќе стигне во судот, веднаш ќе треба да се изготви и упатниот акт, со кој поранешната министерка Гордана Јанкуловска ќе треба да се упати во затвор, на издржување на 4-годишна казна.

Вршителот на должност претседател на Врховен суд, Фаик Арслани, за МИА вели дека сеуште се работи на предметот, односно дека се работи за комплексен случај.

-Има повеќе вонредни правни лекови и треба едно по едно опширно да се образложат, затоа ни треба малку повеќе време. Треба да сме трпеливи неколку дена, вели Арслани.

Поврзани новости