Јанкулоска на фејсбук: „Тенк“ е измислена истрага на СЈО!

by fokus

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е првоосомничена во најновиот случај на СЈО – „Тенк“, преку фејсбук се огласи со реакција. Таа вели дека истрагата за набавката на луксузниот „мерцедес“ на експремиерот Никола Груевски е измислена истрага без аргументи.

-Соочени со се погласните критики за нивното партиско дејствување, денес од СЈО заради исполнување на желби и нарачки од СДСМ, се обидоа да го свртат вниманието со отворање на измислени истраги без никакви аргументи.
Како по правило, партиските гласила на СДСМ финансирани од СОРОС оркестрирано, во хор се ставија во функција на мегафони, кои не почуствуваа потреба да побараат став од никого од посочените личности и институции.
СЈО може да отворат уште милион измислени истраги што се производ на конструкции, без никакви докази и аргументи. Но, тоа нема да ги направи вистина нивните лаги и нема да ја покрие нивната партиска подреденост кон СДСМ, ниту ќе го компензира недостатокот на професионален капацитет, морален кредибилитет и крајно проблематичен интегритет на Катица Јанева и нејзиниот партиски тим во СЈО.

Според истрагата на СЈО, Јанкулоска, заедно со уште едно лице вработено во МВР, во 2012 година, наместиле тендер така што фаворизирале определена фирма за да можат од неа да го купат автомобилот „мерцедес“ вреден 572.000 евра и да му ја исполнат желбата на Груевски.

Поврзани новости