Јанкулоска: Клечењето и молењето во СДСМ е заразна работа

by Фокус 09:57
09:57

Слушам нивниот носител (н.з. Петре Шилегов), што ни вие ни јас не сме го ни виделе, во Куманово споменувал дека некој некаде ќе клечел на колена, дека ќе излегувале на мегдан и што уште не!
Па се гледа дека клечењето на колена им е опсесија, изјави вчера министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска и носител на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица на митингот во Бутел.

Заев клечеше и молеше пред лидерите на албанските политички партии во Македонија. На Грците им ветуваше дека ќе ја виткал кичмата. Изгледа ова клечењево и молењево во СДСМ е заразна работа. Но јас можам да му порачам на Петре Шилегов да заврти по еден телефон кај неговите сопартијци Ана Павловска – Данева или пак кај Горан Минчев. Тие беа носители на изборните листи овде, во Бутел во изборната единица број два. Тие побараа, па и добија поддршка од некој од вас. И каде се сега? Еве го мегданот, мегданот е на гласачките листи, мегданот е пред граѓаните – порача Јанкулоска.

- Advertising -

Поврзани новости