Јаневски: Струмица е најпрогресивната општина во Македонија

by fokus

Кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ, Коста Јаневски, денеска од митингот во Струмица рече дека неговата општина е најпрогресивната општина во Македонија.

-Теророт и хаосот во Македонија е минато и никогаш нема да се повтори. Одиме на патот на прогресот во кој секој ќе биде важен. Ќе имаме максимална поддршка од нашиот премиер. За се постои свое време. Сега е време за нови предизвици. За разлика од нашиот противник, ние продолжуваме со живот во Струмица за сите. Струмица е нашата гордост, првата гасифицирана општина, општина со првата катна гаража и плоштад со подземно паркирање, рече Јаневски.

Тој вети дека ќе ги зголемува зелените површини, нова патна и водоводна инфраструктура и ќе изгради мост кој ќе ги спојува минатото и иднината.

Поврзани новости