Јанева во Брисел: Нема да нѐ обесхрабрат да ја исполниме мисијата на СЈО

by fokus

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на денешното гостување на работилница во Брисел, посочила дека СЈО се соочува со многу предизвици, но вели дека таа и нејзините соработници нема да се обесхрабрат и да се откажат од мисијата која што им била зададена.

Јанева порача дека СЈО продолжува да работи, водејќи се од принципот на еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите.

Специјалната обвинителка во Брисел беше говорник на работилница на тема „ Зајакнување на отпорноста кон корупцијата и заробувањето на државата во Југоисточна Европа “.

Во рамки на посетата на Брисел, покрај учеството на работилницата, Јанева ќе има средби и со членови на Европскиот парламент.

Поврзани новости