Јанева: УЈП и Министерството за финасии овозможувале богатење на функционери на власта, а ги осиромашувале граѓаните

by fokus 12:11
12:11

Предмалку започна прес конференцијата на СЈО на која ќе бидат презентирани четири нови истраги за четири нови лица за финансиски криминал.

-Според досегашните материјални докази можеме да заклучиме дека во периодот од 2008 до 2015 година, УЈП и Министреството за финансии не си ја извршувале својата работа, а понатаму овозможувале физички и правни лица противправно да се стекнуваат со материјални средства. Ова е почеток на финансиски истраги кои понатаму ќе се прошируваат. Ги охрабруваме граѓаните да соработуваат со нашето обвинителство, бидејќи овие малверзации влијаат директно на осиромашување на граѓаните, рече специјалната обвинителка Катица Јанева во најавата.

Таа рече дека станува збор за комплексни истраги и ќе треба повеќе време за нивно истражување.

Поврзани новости