Јанева: Собранието да ни ги прифати барањата пред да се распушти

by fokus

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, изрази надеж дека пред да се распушти Собранието, пратениците ќе го изгласаат Законот за заштита на сведоци и за продолжување на мандатот на СЈО.

Јанева изјави дека формирањето на специјален судски оддел не е прашање кое е во нејзина надлежност, па со Хан разговарале за продолжување на мандатот на СЈО и за техничко материјални прашања.

На прашање дали Хан ќе даде поддршка на нејзините барања Јанева одговори: „За сè еврокомесарот ќе си каже на прес-конферецијата во 14 часот.”

Во моментот во седиштето на ЕУ делегацијата на средба со Хан е лидерот на ДПА Менду  Тачи, а по него следува и состанок на еврокомесарот со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Средбите на Хан со партиите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се предвидени во седиштата на партиите, а по завршувањето на состаноците Јоханес Хас во 14:00 часот ќе одржи прес конференција.

Поврзани новости