Јанева реши да не ги изземе Фатаи и Бубевски од „Титаник 3“

by fokus

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева одлучи да не ги изземе обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од случајот „Титаник 3“, дознаваме од извори од СЈО.

Јанева одлуката ја донесе откако адвокатот Еленко Миланов побара нивно изземање, а судијката Марија Клетничка барањето и го испрати на Јанева, бидејќи само таа може да ги изземе своите помошници од одреден предмет на СЈО.

Адвокатот Еленко Миланов на денешното рочиште побара изземање на двајцата обвинители, но и на Јанева, поради како што рече нивните меѓусебни конфронтаации, за кои била запознаена целата јавност.

Пред неколку дена обвинителката Фетаи и Јанева влегоа во јавна расправа, откако Фетаи откри дека ја опцула преку камера бидејќи наредила нејзин претрес при влез и излез во СЈО.

Случајот „Титаник 3″ е пред самиот финиш, а обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

В.В.

Поврзани новости