Јанева побара да можат да одговараат и политички партии

by fokus

Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска говореше на Регионалниот форум за политики за добро владеење и антикорупција, на тема „Справување со корупцијата и заробената држава во ЈИЕ“, каде побара актуализирање на кривичната одговорност на политичките партии како неопходна алатка во борбата против корупцијата.

Според Јанева, иако во казненото право сме се ориентирале пред сè кон индивидуалната одговорност, се покажува неопходно да се вратиме и на колективната одговорност, затоа што не ретко, одговорно лице врши злоупотреба во име и во корист на политичка партија, па оттука и неопходноста да може да одговараат и политичките партии.

Освен ова, таа рече дека во Кривичниот законик треба да се вгради и кривичното дело „попречување на правдата“, бидејќи иако тоа како низа од неколку казнени дела е ставено во законот, не е интегрално и не е јасно дефинирано.

Поврзани новости