513
Специјалната обвинителка по четири дена одговарање на пратенички прашања, главно од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ја напушти седницата на Комисијата за политички систем и рече дека ќе дојде кога Собранието ќе закаже пленарна седница за извештајот на СЈО.
-Ова веќе е класичен мобинг, јас повеќе не си доаѓам, ќе се појавам само на пленарна седница, рече Јанева.
Претходно, таа ја ислуша пратеничката Владанка Авировиќ, чие поставување на прашања се претвори во говор од речиси два часа.