450
-Барањата за Законот за заштита на сведоци и продолжување на мандатот на СЈО по изборите и по формирањето на новата Влада, одново ќе ги поднесам– најави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, во вечерашното интервју на Телма.
-Пратениците да ја сносат одговорноста и да ги донесат измените, во интерес на граѓаните. Се надевам дека избори на 11 декември ќе има и овие барања повторно ќе ги поднесам пред новиот пратенички состав – рече Јанева.
Таа повторно потенцираше дека овие барања се од клучно значење за СЈО, за детална истрага за предмети како „Монструм”, „Сопот”и случајот со Мартин Нешковски.