Јанева: Не само Бојан Јовановски, и други го злоупотребиле моето име!

by fokus 13:05
13:05

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по една недела молк и криење, денеска се појави во просториите на СЈО.

Во изјава за медиумите Јанава истакна дека го охрабрува обвинителството да го расчисти случајот „Рекет“ до крај.

- Advertisements -

-Од моментот на мојот избор за СЈО, мојот живот, професионалната биогрифија и приватниот живот се цел на обиди на препукувања и политички инволвирања. Свесна бев дека ќе бидат цел на напади за дикредитација, но повикот да се биде на чело на СЈО за мене е сериозна чест и голема одговорност. Дозволете да ви се извинам што оставив простор и не се појавив во јавноста. Не ми беше лесно да го следам јавниот линч.

За индициите најодговорно тврдам дека свено или несвесно не сум ја злоупотребила должноста која уште ја извршувам и ги охрабрувам органите на истрагата да продолжат со својата работа. Најодговорно тврдам дека ниту свесно, ниту несвесно не сум ја злоупотребила положбата која се уште ја извршувам.

Се познавм со Бојан Јовановски. Не сум криела дека мојот син работи во 1 ТВ, но ова не значи дека некој требало да ме злоупотребува. Не само лицето Бојан Јовановски, туку и други го злоупотребуваат моето име за различни цели, рече Јанева.

Таа по кусата изјава си замина и не сакаше да одговори на новинарските прашања.

Пред една недела, во понеделникот, Обвинителството за организиран криминал и корупција ја отвори истрагата „Рекет“,  а за чии што потреби беше одземен телефонот на Јанева. Таа засега нема статус на осомничен, односно осомничени се само Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кицеец.

Според сомнежите на Обвинителството, осомничените од бизнисменот Орце Камчев зеле 1,5 милиони евра, а за возврат требало да се издејствува против него да запре кривичниот прогон во случајот „Империја“, или да добие олеснителни околности.

В.В.

Поврзани новости