Јанева: Не отстапуваме од барањето за притвор на Сеад Кочан

by Fokus

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска нагласи дека тие не отстапуваат од барањето за притвор за Сеад Кочан, кој е осомничен во случајот „Труст“.

– Кога се работи за криминал за каков што е осомничен Кочан, пракса е во државата да се бара притвор за лицето. Сакаме господинот Сеад Кочан да оди во притвор. Тоа е нашиот став. Ова сега е судска работа, ако не викнат ние ќе го повториме нашиот став, бидејќи е осомничен во нашиот случај“,  изјави денеска Јанева.

Скопска Апелација ја прифати жалбата на СЈО за гаранцијата на бизнисменот Кочан во висина од околу 900 илјади евра.

 

Поврзани новости