Јанева ја тужи Русковска за клевета, обвинителката Трајчева не се појави да сведочи

by fokus

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева ја тужи за клевета шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска. Денеска во Основниот суд Скопје 2 се одржало ново рочиште на кое не се појавила обвинителката Русковска, но нејзиното присуство не е задолжително, поради што судењето се оддржало.

-На денешното рочиште сведочеа членови на Државниот завод за ревизија, кусо ни изјави адвокатот Лазар Јанев, кој е и син на Јанева.

На денешното рочиште не се појавила ниту обвинителката Ивана Трајчева која требало да сведочи.

Тужбата Јанева ја поднела бидејќи во декември минатата година, обвинителката Русковска, гостувајќи во телевизиска емисија, кажала дека Јанева земала пари во повеќе случаи за повлекување на барање за притвор. Обраната пак тврди дека екс шефицата на СЈО не земала пари ниту за случајот „Рекет“, ниту пак за некој друг случај.

За „Рекет“ Јанева беше осудена на 7 годишна казна затвор, а две години повеќе доби Бојан Јовановски. Наскоро се очекува и Апелација да пресече за овој случај, односно дали ќе ја потврди првостепената пресуда, ќе ја преиначи или ќе ја укине и судењето ќе почне од почеток.

В.В.

Поврзани новости