Јанева и Зврлевски заедно во Собрание

by fokus 11:41
11:41

Специјалната обвинителка Катица Јанева пристигна во Собранието на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Таа пред пратениците треба да го образложи Извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство за изминатите шест месеци.

На седницата на Комисија е присутен и државниот обвинител Марко Зврлевски, бидејќи на седницата ќе се разгледува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.

Во понеделник пак, ќе се одржи собраниска седница на која ќе бидат разгледувани извештаите на двете обвинителства.

Поврзани новости