Јанева го повлече барањето на Зврлевски за укинување на притворот на Кочан

by fokus

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го повлече Барањето за заштита на законитоста поднесено од Јавното обвинителство на Марко Зврлевски до Врховниот суд за притворот на Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“ на СЈО, соопшти СЈО.

-Јас како Јавен обвинител сум исклучиво надлежна да постапувам по предметите поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во сите судски инстанци. Поради тоа денес со поднесок испратен до Врховниот суд на Република Македонија го повлеков барањето за заштита на законитоста поднесено од Јавното обвинителство на Република Македонија, вели Јанева.

Јавното обвинителство на Зврлевски завчера поднело барање до Врховниот суд со кое бара укинување на решенијата на Кривичниот и Апелациониот суд за одредување притвор на Кочан, кој е во бегство од 9 март.

Поврзани новости